Царинската управа на Македонија денеска ќе почне два проекти во областа на интегрирана тарифна околина, со финансии од Европската Унија.
Интегрираната тарифна околина претставува бизнис концепт што ги групира повеќето компјутерски системи кои служат за размена на информации помеѓу Европската Комисија и земјите – членки на ЕУ.
Главна цел на проектот е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. Со овој проект Царинската управа прави уште еден чекор во процесот на реформите кон Европската Унија.
На презентацијата на проектите ќе се обратат директорот на Царинската управа Ванчо Каргов и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Аиво Орав.