29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВИДЕО ОД „ИЗНЕРВИРАНИОТ“ СИ ЏИНГПИНГ КОЈ ПРЕДИЗВИКА БУРА: Кинеското Министерство се огласи...

ВИДЕО ОД „ИЗНЕРВИРАНИОТ“ СИ ЏИНГПИНГ КОЈ ПРЕДИЗВИКА БУРА: Кинеското Министерство се огласи за настанот со Г20 – „Не го критикуваше Трудо“ (ВИДЕО)

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека кинескиот претседател Си Џинпинг не го критикувал канадскиот премиер Џастин Трудо, еден ден откако двајцата беа видени како спарираат на самитот на Г-20 поради наводно прекршување на доверливоста на билатералните разговори.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на брифинг за медиумите изјави дека Пекинг поддржува искрени размени се додека тие се одржуваат на еднаква основа и рече дека Кина се надева дека Канада ќе преземе чекори за подобрување на билатералните односи, пренесе Ројтерс.

-Видеото што го споменавте беше навистина краток разговор што двајцата лидери го имаа за време на самитот на Г-20 и мислам дека не треба да се толкува како претседателот Си да критикува или обвинува некого, рече Мао.

Во видеото објавено од канадските медиуми во средата, може да се слушне преведувач на Си како вели: „Сè што разговаравме вчера беше дадено на печатот. Тоа не е соодветно“.

Ова беше прва средба меѓу Трудо и Си во последните три години, а односите меѓу Канада и Кина беа обележани со тензии по апсењето на шефицата на финансискиот сектор на Huawei, Менг Ванжу.

Таа беше уапсена во Канада во 2018 година по налог на САД, по што Кина уапси двајца канадски државјани и ги обвини за шпионажа.

Поради ова, Канада ја обвини Кина за заложничка дипломатија, а случајот по неколку години беше решен со размена на уапсените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП