25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Договорот за црноморскиот коридор за жито продолжен за 120 дена

Ердоган: Договорот за црноморскиот коридор за жито продолжен за 120 дена

Договорот за црноморскиот коридор за жито е продолжен за 120 дена, почнувајќи од 19 ноември 2022 година, потврди во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

На оваа тема Ердоган зборуваше преку својот официјален профил на Твитер.

„Како резултат на четирилатералните преговори чиј домаќин е Турција, Договорот за црноморскиот коридор за жито е продолжен за 120 дена од 19 ноември 2022 година, во согласност со одлуката донесена од Турција, Обединетите нации, Руската Федерација и Украина“, рече Ердоган и додаде:

„Колку овој договор е важен и корисен за снабдувањето со храна и безбедноста на светот, јасно се виде, бидејќи во последните четири месеци од речиси 500 бродови на оние на кои им е потребна помош беа испорачани повеќе од 11 милиони тони жито и прехранбени производи. “

Ердоган изрази благодарност до Обединетите нации, генералниот секретар Антонио Гутереш, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски за нивната подготвеност да го продолжат договорот и им честиташе на сите кои придонесоа и посакаа договорот да биде успешен.

На 22 јули Турција, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од Црното Море, кој беше суспендиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари. Во Истанбул беше формиран заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да ги надгледува пратките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП