Во Белград започна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Кралството Норвешка на која учествува и ќе говори премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски како и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.
Целта на Конференцијата е пред инвеститори од Кралството Норвешка да се презентираат можностите за инвестирање во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

