1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот долг на САД на максимално ниво од Втората светска војна

Државниот долг на САД на максимално ниво од Втората светска војна

sad1

Државниот долг на САД во овој момент изнесува 73 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а тоа е максимумот во историјата на земјата, ако се исклучи краткиот период за време на Втората светска војна.

Тоа е двојно повеќе од индикаторите на крајот на кризната 2007 година, се наведува во извештајот на Комитетот за буџет на Конгресот, пренесува агенцијата Франс прес.

Според прогнозите на Комитетот, ако се зачува постоечката законска регулатива, тогаш државниот долг во однос на БДП во рок од неколку години многу малку ќе се намали.

Меѓутоа, на крајот растот на буџетскиот дефицит ќе го поттикне скокот на долгот на ниво кое е повисоко од актуелното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП