22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраинска криза од ден на ден: Западните сојузници на Украина се согласуваат...

Украинска криза од ден на ден: Западните сојузници на Украина се согласуваат дека ракетите во Полска не се руски; Киев им верува на своите податоци

Војна во Украина – 267 ден. Варшава, Вашингтон и НАТО се согласуваат дека нема докази дека на територијата на Полска паднала руска ракета, туку украински одбранбени проектили. Володимир Зеленски истакнува дека „верува во извештаите на украинската армија“ и дека не може да станува збор за нивната ракета. Поправен дефектот на инфраструктурата на нафтоводот „Дружба“. УНХЦР: Речиси осум милиони украински бегалци во европските земји.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека се чини дека ракетите што паднаа на територијата на земјата во вторникот, при што загинаа две лица, се „несреќен случај“.

Дуда додаде дека е многу веројатно ракетата од руско производство да ја користеле припадници на противвоздушната одбрана на Украина.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека, според првите резултати од истрагата, ракетите кои паднале на територијата на Полска најверојатно не биле истрелани од Русија.

„Не кажувам ништо додека истрагата не заврши целосно, но судејќи по патеката по која се движеа ракетите, не е веројатно дека биле истрелани од Русија“, рече Бајден.

Иако веројатно станува збор за украински ракети, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг забележува дека Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи, како што рече, „продолжува со својата нелегална војна против Украина“.

Од друга страна, Володимир Зеленски останува на ставот дека експлозиите во Полска не биле предизвикани од украинска ракета, додавајќи дека заклучоците ги засновал на воени извештаи во кои „не може, а да не верува“.

Зеленски додаде дека се сретнал со директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс во Киев, наведувајќи дека разговарале за, како што рече, „руската нуклеарна закана“.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто преку видео изјава на Фејсбук соопшти дека е санирана штетата на инфраструктурата на нафтоводот „Дружба“ и оти нафтата тече кон Унгарија.

Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Обединетите нации соопштија дека има причина за „внимателен оптимизам“ во врска со обновувањето на јулскиот договор за извоз на украинско жито преку Црното Море, кој истекува во сабота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП