25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската инфлација достигна највисоко ниво од 1981-ва

Британската инфлација достигна највисоко ниво од 1981-ва

Потрошувачката инфлација во Велика Британија забрза до нов „пик“ во октомври, зголемувајќи го притисокот врз приходите на домаќинствата.

Потрошувачките цени во Велика Британија се зголемија за 11,7 отсто на годишно ниво минатиот месец, најмногу од октомври 1981-ва година. Овој потег, исто така, означи нагло забрзување од 10,1 отсто пријавени во септември, Националната статистичка канцеларија (ONS) само еден ден пред министерот за финансии Џереми Хант да го презентира Буџетот, во кој се очекува да има зголемување на даноците и кратења на државните трошоци.

Сепак, „ONS“ нагласи дека бројката би можела да биде значително повисока, околу 13,8%, доколку владата не се вклучила да ги ограничи сметките за енергија во домаќинствата во просек од 2.500 фунти (2.960 американски долари) годишно.

Покрај тоа, цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија со најбрзо темпо од 1977-ма година.

За споредба, очекувањата за општиот показател во една медиумска анкета беа инфлацијата да порасне на 10,7 отсто.

Хант ги коментираше податоците, велејќи дека треба да се донесат „тешки, но неопходни“ одлуки за земјата да се справи со растечките цени.

„Наша должност е да и помогнеме на Банката на Англија (БОЕ) во нивната мисија да ја врати инфлацијата на целното ниво, постапувајќи одговорно со јавните финансии“, додаде Хант.

Минатиот викенд, Џонатан Хаскел од „CSA“ рече дека агенцијата сè уште не може да се опушти во борбата против инфлацијата. Тој предупреди дека монетарната политика може да биде позатегната подолго време, продолжувајќи ја очекуваната рецесија доколку не се преземат силни мерки за враќање на инфлацијата на целта од 2%.

„Сакам да го избегнеме тоа сценарио. Затоа, во моментов, мислам дека е важно монетарната политика цврсто да се спротивстави на ризикот од постојани инфлациски притисоци“, рече Хаскел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП