5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден „пипкаше“ бицепси: „Се надевам дека е наш“ - „Ама претседателе, тој...

Бајден „пипкаше“ бицепси: „Се надевам дека е наш“ – „Ама претседателе, тој е русин“ (ВИДЕО)

Камерите повторно снимија интересен момент со американскиот претседател Џо Бајден, кој со францускиот колега го коментираше рускиот снимател.

Имено, Бајден и Емануел Макрон се шетале, за време на паузите од средбите одржани за време на самитот на Г20 на Бали. Тие, покрај обезбедувањето и локалниот персонал, беа придружувани од новинари и сниматели. Меѓу нив беше и руски снимател со, како што може да се заклучи од видеото, големи бицепси.

„Инаку, загрижен сум за бицепсот на овој човек. Неговите бицепси се поголеми од мојата капа. Погледнете го ова“, рекол Бајден, по што изгледа како да го пипнал мускулот на споменатиот камерман.

„Тоа е човекот. Се надевам дека сме на иста страна“, рече тогаш Бајден.

„Но, знаете, тој е Русин“, рече глас во позадина.

„Не ми е гајле кој е, ова момче има страшни бицепси…“, изјави американскиот претседател.

Тогаш во рамката влегува неговиот француски колега, кој вели: „Добро тренира“.

Откако видеото е објавено на социјалните мрежи, веднаш се трага по споменатиот руски снимател, па е објавен и твит во кој се наведува дека се работи за снимателот Јуриј Шолмов чија фотографија е објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП