11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск им се закани на работниците на Твитер: Или „хардкор“ или отказ

Маск им се закани на работниците на Твитер: Или „хардкор“ или отказ

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, им рекол на персоналот дека мора целосно да се посветат на новата „хардкор“ верзија на Твитер или ќе бидат отпуштени, пишува Independent.

Вработените, наводно, добиле е-пошта од фирмата во која се вели дека деловната политика на компанијата ќе стане „исклучително напорна“ во иднина.

„Ова ќе значи долги работни часови со висок интензитет. Само исклучителни перформанси ќе добијат преодна оценка“, се наведува во е-поштата.

Вработените требаше да кликнат „ДА“ на врската со која се обврзуваат на „новиот Твитер“, а тие требаше до четврток да донесат одлука.

Во спротивно ќе бидат отпуштени со три месеци плата.

Мандатот на Маск откако го купи Твитер беше многу бурен. Прво го распушти целиот извршен одбор, а неколку дена подоцна отпушти половина од работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП