23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ се намалува цената на горивата

Од полноќ се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,567 денар/кг и сега ќе изнесува 47,622 денари/кг.

Од 17.11.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 91,50 (денар/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 94,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 93,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 47,622 (денари/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП