Скопје утрово е десетти најзагаден град во светот, воздухот во главниот град на Македонија е оценет како нездрав на веб-страницата „IQair“.

Според пресекот во 7 часот и 15 минути на таа веб-страница, индексот на загаденоста на воздухот во Скопје е 159, со концентрација на ПМ2,5 честички.

