6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиски пазари: Пад на индексите поради геополитичките тензии

Азиски пазари: Пад на индексите поради геополитичките тензии

Азиските берзи паднаа во средата поради геополитичките тензии, откако во вторникот во полско село паднаа проектили од руско производство, при што загинаа две лица.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,6 отсто околу 7:00 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,15 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг се лизнаа меѓу 0,3 и 1 отсто.

Азиските берзи се претпазливи бидејќи ги следат пораките на лидерите на најголемите земји во светот во врска со експлозиите во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина, во кои загинаа две лица.

Станува збор за ракети од руско производство, но Русија негира дека ги истрелала, а американскиот претседател Џо Бајден изјави дека најверојатно ракетите не биле истрелани од Русија.

САД и нивните сојузници во НАТО алијансата истражуваат се за тие ракети, а се чини дека тие не се истрелани од Русија, изјави американскиот претседател на состанокот на групата Г20 на Бали.

Веста за тој инцидент ги натера инвеститорите на светските берзи да бидат претпазливи, па повеќето берзански индекси се во минус.

Падна и терминкиот индекс S&P 500, околу 0,4 отсто, што значи дека денеска може да загуби дел од вчерашните добивки.

Вчера, имено, на Волстрит Dow Jones зајакна 0,2 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,9 отсто, а Nasdaq индексот за 1,45 отсто.

Порастот на тие индекси уследи по податоците дека производните цени во САД се зголемија за 8 отсто во 12-те месеци до октомври, помалку од еден месец порано и помалку од очекуваното.

Тој извештај потврдува дека инфлациските притисоци се намалуваат, на што укажуваат минатонеделните податоци дека потрошувачките цени во октомври пораснале за 7,7 отсто на годишна основа, побавно од септемвриските 8,2 отсто.

„Пазарот е управуван од податоците за инфлацијата, кои се малку пониски од очекуваните, што ја поддржува надежта дека инфлацијата достигна врв и ќе ослабне во наредниот период“, вели Питер Туз, претседател на инвестицискиот совет на Чејс.

Слабеењето на инфлацијата ги поддржува надежите дека американската централна банка ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

Откако ФЕД на почетокот на ноември четврта сесија по ред ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени, аналитичарите очекуваат дека стапката на пораст ќе се забави до 0,50 процентни поени во декември.

Доларот ослабе, цената на нафтата падна

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,57 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,99 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 140,15 на 139,85 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0360 долари, додека вчера во ова време беше 1,0320 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа, губејќи дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,54 отсто, на 93,35 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,74 отсто, на 86,30 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП