8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател на САД

Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател на САД

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседателските избори што ќе се одржат во таа земја во 2024 година.

Својата одлука да влезе во претседателската трка Трамп вчера пред телевизиските камери им ја соопшти на своите приврзаници на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида, јавува Си-Ен-Ен.

„За да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите Држави“, изјави Трамп пред насобраните во Мар-а-Лаго, каде што ќе биде неговиот изборен штаб.

Тој додаде дека тоа нема да биде само негова кампања, туку на сите републиканци.

Доколку победи, Трамп ќе стане вториот претседател на САД кој успеал на два последователни избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП