27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли третата по големина економија да ја избегне рецесијата?

Може ли третата по големина економија да ја избегне рецесијата?

Јапонската економија неочекувано се намали за прв пат во една година, бидејќи зголемените животни трошоци го погодија растот на личната потрошувачка.

Бруто домашниот производ (БДП) падна за 1,2% на годишно ниво во трите месеци до крајот на септември. Јапонците, пишува „ВВС“, ја ограничија потрошувачката поради страв од глобално забавување, но и поради тоа што слабиот јен го поскапи увозот.

Потсетуваме, неодамна беше објавено дека Земјата на изгрејсонцето не се сеќава на ова ниво на инфлација и дека подготвува значителен пакет. Економистите, имено, очекуваат дека третата по големина светска економија ќе успее да ја избегне рецесијата бидејќи оваа година закрепнува.

Рецесиите, инаку, се дефинирани со намалување на економската активност во секој поглед; луѓето купуваат помалку, помалку се произведува, компаниите имаат помала профитабилност, а некои дури и престануваат да работат. Во исто време, извозот опаѓа, а невработеноста расте.

Конкретно поврзано со Јапонија, британскиот јавен сервис продолжува да ги пренесува зборовите на економистот Дарен Теј од „Capital Economics“, упатени до инвеститорите: „Очекуваме враќање на експанзијата до крајот на 2022 година“.

„Јапонската економија ќе има корист од закрепнувањето на влезниот туризам и посилниот трговски биланс. Но, ризиците од вирусот и зголемената инфлација ќе го ограничат степенот на закрепнување“, додаде тој.

Со забавување на глобалната економија и раст на инфлацијата ширум светот, Јапонија се бореше и со својата валута, која оваа година падна на вредноста во однос на американскиот долар. Минатиот месец, јенот достигна ново 32-годишно најниско ниво во однос на зелената банкнота, со што увезените стоки, од нафта до храна, станаа поскапи за јапонските домаќинства и бизниси.

Во меѓувреме, Банката на Јапонија ја задржа основната стапка под нулата. Повисоките каматни стапки имаат тенденција да ја направат валутата попривлечна за инвеститорите. Како резултат на тоа, има помала побарувачка за валути од земјите со пониски стапки и тие валути паѓаат во вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП