Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека има сè поагресивни обиди на голем број земји повторно да ја испишат светската историја со цел да ја ослабат Русија, но рече дека Русија „навремено и цврсто постави бариера“ против напорите за загрозување на нејзиниот национален суверенитет.
„Обидите на голем број земји да ја преработат, да ја преобликуваат светската историја стануваат сè поагресивни. И тие имаат очигледна цел, а тоа е да го поделат нашето општество, во најмала рака, да му ги одземат обележјата и конечно да ја ослабат Русија, да влијае врз нејзиниот суверенитет, да ја разниша“, рече Путин на состанокот на организацискиот одбор за прославата на Денот на победата.

