24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОбјавена светска мапа со просечна големина на пенисот, каде е Македонија

Објавена светска мапа со просечна големина на пенисот, каде е Македонија

Машкиот генитален орган ја достигнува својата максимална големина на возраст од 17 до 22 години, додека до крајот на животот полека може да се намали до три сантиметри.

Поради послабиот проток на крв низ садовите, на постарите мажи понекогаш им е потребна поголема стимулација за да постигнат ерекција.

А за сите оние кои можеби се прашуваат која е просечната големина на пенисот во светот, веб-страницата All size matter објави интерактивна мапа на светот на која е прикажана просечната големина на пенисот на речиси секоја земја.

Државите со минимален просек се во розова, државите со повисок просек се виолетови, а државите со максимум се сини.

На мапата се наведени вкупно 143 земји, а просечната големина на пенисот во светот е 13,8 см., а обемот е 11,8 см. Македонија се најде на 63-то место на мапата, со просечна големина на пенис од 14,0 cm и обем од 12 cm.

Што се однесува до регионот, мажите од Босна и Херцеговина се најдоа на 25-то место со просечна големина од 15,3 см и обем од 12,1 см.

Србија е на 35. место, но со иста просечна големина како Хрватска – 14,8 см, но со обем од 12,7 см.

Словенија го зазеде 61. место со просечна големина од 14 см и обем од 11,7 см.

Црна Гора е на 84-то место со просечна должина од 13,6 cm и обем од 12,0 cm.

На прво место во светот со најголема просечна големина на пенис е Еквадор. Должината на нивниот пенис е 17 сантиметри, а обемот е 13,4 и се за 23,3 отсто повисоки од светскиот просек.

По него следува Гана со просечна должина од 16,8 сантиметри и обем од 12,8.

Филипинците се меѓу последните, со просечна должина од 10,9 см и се пласираа на 138. место.

Последното 143-то место го зазедоа мажите во Камбоџа, чии пениси беа во просек долги 10,1 cm со обем од 11,1 cm, што е за 26,8 отсто помалку од светскиот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП