3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInditex: Продажбата зголемена за 10 %

Inditex: Продажбата зголемена за 10 %

inditex

Сопственикот на модниот синџир на продавници „Zara“, шпанскиот „Inditex“ извести за зголемување на продажбата на почетокот на третиот квартал за 10 проценти, што укажува на закрепнување откако лошото време и слабоста на странските валути ја притиснаа добивката во првата половина од годината.

Нето добивката на најголемиот светски продавач на облека, кој вклучува осум луксузни брендови на облека, во првата половина од годината е зголемена за еден процент, на 951 милиони евра, поттикната од строгите контроли на трошоците и ниската стапка на корпоративен данок.

Во споредба со резултатите од претходните години, моменталните резултати се послаби, но укажуваат на подобрување во вториот квартал.

Во првата половина „Inditex“ забележа најслаба добивка од 2009 година. Бруто маржата на компанијата се намали на 58,6 проценти од приходите, во споредба со 59,6 проценти кои беа забележани минатата година.

За време на глобалната криза компанијата работеше многу подобро од останатите компании во малопродажниот сектор, благодарение на моделот „брза мода“, кој опфаќа производство на ограничена количина облека по пристапни цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП