30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ НА САМИТОТ Г20: Ова време не треба да биде доба...

ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ НА САМИТОТ Г20: Ова време не треба да биде доба на војни

Учесниците на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали подготвиле нацрт на заедничка изјава во која повикуваат на воспоставување глобален мир, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

-Употребата или заканата од нуклеарно оружје е недозволива. Мирното решавање на конфликти, напорите за управување со кризи, како и дипломатијата и дијалогот се од витално значење. Сегашното време не треба да биде доба на војни, се наведува во документот до кој имал пристап американскиот весник.

Во текстот на соопштението се наведува дека ситуацијата околу Украина ја продлабочува кризата на светската економија, како и го спречува економскиот раст, ја зголемува инфлацијата, ги нарушува синџирите на снабдување, ја зајакнува енергетската и прехранбената несигурност и носи зголемени ризици за финансиската стабилност. Во документот се наведува дека имало други ставови и различни оценки за ситуацијата, пишува весникот.

Нацрт-изјавата беше договорена од членовите на делегациите, но засега не е потпишана од лидерите на земјите од Г20, се вели во соопштението.

Самитот на Г-20 се одржува на Бали на 15-16. ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП