3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар ја укинува контролата на капитал

Кипар ја укинува контролата на капитал

kipar1

Кипар планира на почетокот на наредната година да ја укине контролата на капитал, која беше наметната во март со цел да се избегне масовен одлив на средства од банките.

Кипарскиот министер за финасии Харис Јоргијадис изјави дека мерките за спречување на одливот на капитал постепено се укинуваат и дека нема фиксен рок за нивно потполно укинување, пренесува агенцијата Франс прес.

„Очекуваме дека сите забрани, освен меѓународното движење на капитал, ќе бидат прекинати во првите месеци од 2014 година, ако за тоа се исполнат условите“, изјави министерот.

Кипар доби меѓународна финансиска помош, под услов да иницира реструктуирање на банкарскиот сектор, во кое беше вклучено и гасењето на втората по големина „Лаики банка“ и префрлувањето на нејзините „добри“ средства во најголемата банка, „Банката на Кипар“.

Депозитите поголеми од 100.000 евра во двете банки се претворени во акции, а банките во март беа затворени речиси две недели поради стравот на власта од одливот на капитал.

Сеуште на сила се контролите, според кои дневниот лимит на подигнување пари изнесува 300 евра за граѓаните и 500 евра за компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП