19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолдман Сакс: Инфлацијата во САД ќе падне на 2,9% до декември 2023...

Голдман Сакс: Инфлацијата во САД ќе падне на 2,9% до декември 2023 година

Инвестициската банка Голдман Сакс предвидува „значителен“ пад на инфлацијата во САД следната година, очекувајќи олеснување на прекините во синџирот на снабдување, израмнување на максимум трошоците за домување и забавување на растот на платите.

Американскиот заемодавач прогнозира дека базичната инфлација, мерена преку растот на цените на стоките за лична потрошувачка (PCE), претпочитаната мерка за инфлација на Федералните резерви (FED), ќе падне на 2,9 отсто до декември 2023 година од сегашните 5,1 отсто, пренесува Ројтерс.

Прогнозата на Голдман доаѓа откако членот на Одборот на гувернери на ФЕД, Кристофер Валер минатиот викенд навести дека централната банка може да размисли за забавување на темпото на зголемување на клучните каматни стапки на следниот состанок, но дека тоа не треба да се гледа како „омекнување“ на нејзината посветеност за намалување на инфлацијата.

Минатонеделните статистики покажаа дека американската инфлација „залади“ во октомври повеќе од очекуваното, поттикнувајќи ги пазарните облози дека ФЕД може да го олесни циклусот на затегнување по четири последователни зголемувања на стапката од 75 базични поени оваа година.

Зголемената инфлација и борбата на ФЕД да ја стави под контрола предизвикаа зголемување на приносите на доларот и на американските државни обврзници оваа година, а во исто време пад на акциите.

Главниот индекс на Волстрит, S&P 500, падна за околу 16 отсто досега во 2022 година и е на пат за најлошата година од финансиската криза во 2008 година, според британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП