28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМорган Стенли: САД можат да избегнат рецесија, но не и ЕУ и...

Морган Стенли: САД можат да избегнат рецесија, но не и ЕУ и Велика Британија

Велика Британија и земјите од еврозоната најверојатно ќе паднат во рецесија следната година, но Соединетите држави би можеле за влакно да избегаат благодарение на отпорниот пазар на трудот, соопшти инвестициската банка Морган Стенли.

Очекуваното повторно отворање на Кина по речиси три години задржување на Ковид-19 треба да резултира со закрепнување на нејзината економија, како и на другите азиски пазари во развој, проценуваат аналитичарите на таа банка.

За 2023 година предвидуваат раст на глобалната економија од 2,2 отсто, што е под најновата оценка на Меѓународниот монетарен фонд за раст од 2,7 отсто.

За следната година, Морган Стенли предвидува поделба меѓу развиените економии „во рецесија или блиску до неа“, додека економиите во развој „скромно ќе закрепнат“.

Се проценува дека кинеската економија следната година ќе порасне за пет отсто, над очекуваниот раст од 3,7 отсто за пазарите во развој, додека просечниот раст во групата 10 развиени земји се предвидува со стапка од само 0,3 отсто.

Централните банки ширум светот годинава ги зголемија каматните стапки со цел да ја ограничат инфлацијата. Морган Стенли проценува дека во САД, ФЕД ќе ги задржи високите стапки во 2023 година бидејќи инфлацијата ќе остане висока, откако ќе го достигне врвот во четвртиот квартал од оваа година.

„Американската економија за малку ќе избегне рецесија во 2023 година, но приземјувањето поради значително забавување на растот на вработеноста нема да биде толку меко, додека стапката на невработеност ќе продолжи да расте“, се вели во извештајот, кој предвидува раст на американскиот БДП од 0,5 проценти во следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП