Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска објави дека Соединетите држави ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии што се користат за руските воени дејствија во Украина.
На маргините на самитот на Г-20 во Бали, Јелен изјави за новинарите дека санкциите ќе бидат насочени кон 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска, пренесува Ројтерс.

