На светските берзи цените на нафтата паднаа минатата недела, по три последователни недели раст, бидејќи забавувањето на економскиот раст доведува до слабеење на побарувачката за енергетски производи. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,6 отсто, на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,9 отсто, на 88,96 долари.
Падот на цените е последица на забавувањето на економскиот раст, бидејќи како резултат на тоа слабее и побарувачката за нафта. Минатата недела беше објавено дека залихите на нафта во САД пораснале за 3,9 милиони барели во претходната недела, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2021 година, а тоа укажува на слабеење на потрошувачката на гориво од Американците.

