8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУапсено лице осомничено дека ја поставило бомбата во центарот на Истанбул

Уапсено лице осомничено дека ја поставило бомбата во центарот на Истанбул

Турската полиција уапси едно лице осомничено дека поставило бомба која во неделата експлодираше во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест, а беа повредени десетици луѓе.

Бомбата експлодираше во неделата околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со бројни кафулиња, ресторани, кина и продавници.

Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице е повредено, од кои двајца потешко.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „кукавичкиот напад“ во неделата. „Првите информации упатуваат на заклучок дека се работи за тероризам“, рече Ердоган.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Утринава министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави, според извештајот на државната телевизија ТРТ, дека полицијата го уапсила лицето кое ја поставило бомбата.

Осомничено е лице поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а министерот Сојлу се закани со одмазда, јави ТРТ.

Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација, забележува агенцијата ДПА.

Авенијата Истиклал исто така беше цел на терористички напад во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш објави дека напаѓачот е поврзан со групата Исламска држава, но не ја презеде одговорноста, посочува dpa .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП