8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг "А" на Словенија

Агенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг “А” на Словенија

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич го потврди кредитниот рејтинг А на Словенија со стабилна перспектива.

Како што соопшти словенечкото Министерство за финансии, Фич со ова ја потврдува економската и финансиската стабилност на Словенија.

Министерството за финансии додава дека FItch, со потврдувањето на кредитниот рејтинг А на Словенија, покрај економската и финансиската стабилност, ја признава и нејзината институционална сила поткрепена со членството во Европската унија и во еврозоната.

За годинава Фич предвидува економски раст од 5,5 отсто, кој следната година ќе биде помал поради влијанието на енергетската криза, а според прогнозите на рејтинг агенцијата ќе изнесува 1,3 отсто.

Агенцијата проценува дека словенечкиот јавен финансиски дефицит од 3,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) годинава ќе биде малку помал во споредба со минатата година и со тоа ќе продолжи да биде значително под регионалниот просек.

Што се однесува до јавниот долг на Словенија, „Фич“ проценува дека тој ќе падне на 68,6 отсто од БДП во 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП