13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа продажба 11 градежни парцели во кумановските зони „Речица“ и „Х.Т.Карпош“

На продажба 11 градежни парцели во кумановските зони „Речица“ и „Х.Т.Карпош“

kumanovo

Oпштина Куманово в понеделник ќе почне постапка за продажба на 11 парцели преку  јавно наддавање по електронски пат. Пет од парцелите се лоцирани во индустриската зона Речица, а шест во поранешната касарна „Х.Т Карпош“.

Над  триесет бизнисмени од општината ја проследија денешната презентација, која ја организираше Секторот за урбанизам, и на која беа претставени 56 парцели кои општината сукцесивно ќе ги понуди на бизнисмените преку јавна аукција во наредните месеци, зависно од интересот на стопанствениците.

– Овие локации се сегмент од индустриската зона која пак е позитивен чекор за локалниот економски развој. Сметам дека условите кои се нудат се поволни, пред се за домашните инвеститори, вели градоначалникот Зоран Дамјановски и објаснува дека општината треба да обезбеди соодветна инфраструктура до парцелите.

Тој информира, дека почетната цена е евро за метар квадратен со депозит од 30 проценти од предвидената цена.

– На пример за десет илјади квадратни метри, депозитот ќе изнесува околу 150.000 денари, кој се враќа ако се изгуби на лицитацијата, вели Дамјановски и  посочува дека градбата не треба да отстапува од деталниот урбанистички план. Доколку не се испочитува оваа одредба тогаш договорот ќе се раскине, парцелата ќе се одземе и ќе подлежи на повторна лицитација.

Од секторот за урбанизам објаснуваат дека овие парцели се наменети за развој на мали и средни претпријатија.  – Моментално имаме пет парцели со различна содржина, две се со намена Б2, што значи дека се големи трговски единици и се лоцирани покрај автопатот, една локација Б5, хотелски комплекс и две локации со намена за лесна незагадувачка индустрија, објаснува раководителот на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.

Бизнисмените сметаат дека со изградбата на овие  индустриски зони ќе се отвори можност за  проширување на веќе постоечките бизниси.

– Ова е една можност да се развијат и прошират постоечките бизниси. Во Куманово имаме сериозни фирми кои доминираат на домашниот пазар. Со развој на економската зона која е во близина со Србија и Бугарија, сметам дека имаме одлична местоположба за развој на зоната, рече Бобан Спасовски, сопственик на „Де Лукс“. Борис Трајковски од „Штуз“ смета дека станува збор за атрактивни локации, блиску до градот и дека овој процес за изградба на нова индустриска зона може во иднина да придонесе за развој на локалната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП