18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија се одржа протест поради високите цени на енергенсите и поскапувањето

Во Германија се одржа протест поради високите цени на енергенсите и поскапувањето

Во Германија се одржаа протести поради зголемените цени на енергенсите и поскапувањето.

Неколку илјади луѓе се собраа во Берлин каде побараа поставување горна граница за цената на струјата, парното и киријата, како и зголемување на платите.

Демонстрантите побараа да се воведат даноци за добивката на мега-компаниите кои заработуваат во оваа енергетска криза. Тие повикаа и на солидарност со луѓето на кои им е потребна.

Тие извикуваа слогани кои повикуваат на правична распределба на профитот.

Тие истакнаа и транспаренти кои повикуваат на итно напуштање на фосилните горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП