Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во Камбоџа на самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), но за момент ја помеша земјата заблагодарувајќи му се на премиерот на Колумбија наместо на Камбоџа за организирањето на самитот.
„Би сакал да му се заблагодарам на премиерот на Колумбија што го организираше претседавањето со АСЕАН“, рече Бајден на отворањето на самитот во Пном Пен, заедно со премиерот на Камбоџа, Хун Сен.

