23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот „Accord“ кој нема да дојде во Европа (ФОТО/ВИДЕО)

Ова е новиот „Accord“ кој нема да дојде во Европа (ФОТО/ВИДЕО)

Јапонскиот производител „Honda“ го претстави новиот „Accord“. Единаесеттата генерација на седан доби изглед во стилот на теренецот „Pilot“, но и намален опсег на мотори. 2.0-литарскиот четирицилиндричен турбо мотор поврзан со десетстепен автоматски менувач повеќе нема да биде достапен за моделот.

Новиот „Honda Accord“ го користи истиот дизајнерски јазик како и новиот „Pilot“. Решетката на ладилникот сега е поставена вертикално, а предните и задните светла имаат црна подлога. Покривот и страничните ѕидови на каросеријата се поврзани со ласерско заварување, па на овие места веќе нема потреба од лајсни кои го „тежат“ изгледот.

Во однос на димензиите, седанот е за 70 милиметри подолг од својот претходник, а задната патека е поширока за 10 милиметри. Со промената на генерациите, каросеријата стана поригидна, беа направени промени на суспензијата и управувањето.

Во кабината сега се користат поквалитетни материјали. Напред има нови седишта со подобрена потпора, а тенките А-столбови позитивно влијаат на видливоста. Стандардно, моделот има 10,2-инчна дигитална инструмент табла, 7-инчен мултимедијален дисплеј, 10 воздушни перничиња и систем „Honda Sensing“ со нова широкоаголна камера и радар. Поскапите верзии имаат безжично полнење од 15 вати, греење на задните седишта и аудио систем „Bose“.

Палетата на погонски единици на новиот седан е иста како онаа на кросоверот „CR-V“. Првичните „LX“ и „EX“ модификации се опремени со 1,5-литарски турбо мотор со зајакнато коленесто вратило и подобрено вбризгување. Неговата моќност е 195 ks и 260 Nm вртежен момент. Менувачот е модернизиран варијатор, симулира физички промени на брзините при полн гас.

Варијантите „Sport“, „EX-L“, „Sport-L“ и „Touring“ ќе добијат хибриден систем од четвртата генерација. Во него, 4-цилиндричниот бензински мотор што работи на циклусот Аткинсон е дополнет со пар електрични мотори монтирани паралелно еден на друг. Комбинираната моќност е 207 ks и 335 Nm вртежен момент, со што овој агрегат заостанува зад 2.0-литарскиот турбо мотор од претходната генерација, кој развиваше 256 ks и 370 Nm.

Новата „Honda Accord“ ќе продолжи да се произведува во фабриката во Охајо која работи од 1982-ра година, од каде 12,5 милиони автомобили излегоа од производната лента.

Падот на интересот на клиентите за седаните од средната класа и се построгите еколошки регулативи пресудија „Honda Accord“ биде повлечен од Европа, па така моделот веќе подолго време не е присустен на Стариот континетит, каде се продаваа и осмата и деветтата генерација, но од 2017-та година има суша, која очигледно ќе продолжи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП