30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО НИВ - БАЈДЕН И СИ ПРВ ПАТ ЛИЦЕ...

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО НИВ – БАЈДЕН И СИ ПРВ ПАТ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ! Белата куќа објави: Америка ќе бара едно од Кина!

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг во понеделник на Бали, Индонезија, на маргините на самитот на Г20, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери, кои ќе имаат прва средба лице в лице по изборот на Џо Бајден, ќе разговараат за тоа како „одговорно да управуваат“ со нивните меѓусебни односи, настојувајќи да „соработуваат онаму каде што нивните интереси се совпаѓаат“, соопшти Белата куќа во соопштението.

Џо Бајден и Си Џинпинг, кои веќе разговараа неколку пати преку телефон и видео конференција, ќе разговараат за низа „меѓународни и регионални“ прашања, рече портпаролката на Белата куќа, без директно да ја спомене судбината на Тајван. „Она што сакам да го постигнам со него, кога разговараме, е да одредиме кои се црвените линии што треба да ги почитуваме“, им рече Бајден на новинарите во Вашингтон.

„Доктрината на Тајван воопшто не се промени“, нагласи тој, избегнувајќи да ја повтори својата претходна изјава дека американската војска ќе го брани Тајван доколку биде нападнат.

Кси Џинпинг минатиот месец освои трет мандат на чело на кинеската комунистичка партија, зацврстувајќи го неговиот статус како најмоќен кинески лидер по Мао Це Тунг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП