26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Нема да ја третираме Русија како пазарна економија

САД: Нема да ја третираме Русија како пазарна економија

САД повеќе нема да ја третираат Русија како земја со пазарна економија, соопшти Министерството за трговија во четвртокот, цитирано од „Reuters“.

Со ова се поништува статутот доделен на Москва пред две децении со кој се ограничува пресметувањето на антидампинг давачките за руските стоки.

Одделот за трговија соопшти дека нивната анализа покажала дека „обемната“ владина интервенција во руската економија довела до нарушувања на цените и трошоците, кои, според него, вистински не одразуваат дали руските компании правично ги одредуваат цените на увозот во САД.

„Оваа одлука им овозможува на Соединетите Држави да ја применат целосната сила на американските закони за антидампинг за да се решат нарушувањата на пазарот предизвикани од зголеменото мешање на руската влада во економијата на земјата“, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

Вашингтон и додели на Русија статус на пазарна економија во 2002-ра година, што беше клучен момент на патот кон приемот на Русија во Светската трговска организација (СТО) во 2012-та година.

Минатата година, Американската стопанска комора во Русија рече дека Москва ќе може да ја оспори во СТО секоја одлука на САД да го повлече својот статус на пазарна економија.

Односите на Москва со Западот веќе се драстично влошени, коментира „Reuters“. САД, заедно со другите западни земји, воведоа широки економски санкции кон Русија откако Русија ја нападна Украина во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП