Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција повеќе од 50 години чека пред вратата на Европската унија и дека ќе го даде потребниот одговор кога ќе дојде време.
„Нè принудија да страдаме пред вратата на ЕУ повеќе од 50 години. Тие сè уште продолжуваат да го прават истото. Но, ние ќе одговориме кога ќе дојде време, рече Ердоган“, за време на неговиот говор на церемонијата на доделување на „Највисокиот Орден на турскиот свет“.

