30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПесков: Херсонската област останува територија на Русија

Песков: Херсонската област останува територија на Русија

Регионот Херсон е субјејкт на Руската Федерација, овој статус е фиксен и тука не може да има промена, изјави прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

-Тоа е субјект на Руската Федерација. Законски, оваа тема е фиксна, дефинирана. Нема и не може да има никакви промени, рече Песков одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали Русија сè уште го смета целиот Херсонски регион за своја територија и дали ќе го озакони статусот на деловите од десниот брег.

Командантот на руската група за комбинирани сили, армискиот генерал Сергеј Суровикин, во средата изјави дека одлуката за одбрана на левиот брег на Днепар е донесена за да се спасат животите на армијата и борбените способности. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му наложи на Суровикин да ги преземе сите мерки за безбедно пренесување на војниците во насока на Херсон од десниот кон левиот брег на Днепар.

Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, негативно одговори на прашањето дали Кремљ смета дека напуштањето на Херсон е понижувачко.

-Не, не, им рече Песков на новинарите.

Тој изјави дека Руската Федерација може да ја прекине специјалната воена операција откако ќе ги постигне своите цели.

-Конфликтот во Украина, би рекол овде во овој случај, од наша гледна точка, претставува специјална воена операција – во Украина може да заврши откако ќе ги постигне своите цели. Или да завршат со постигнување на целите преку мировни преговори, што исто така е можно. Но мировните преговори, како што знаеме, се невозможни поради односот на украинската страна, изјави Песков за новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП