2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДАЛИ СЕТО ТОА БЕШЕ САМО КРИПТО-СОН? Пукаат берзите, вредноста на пазарот се...

ДАЛИ СЕТО ТОА БЕШЕ САМО КРИПТО-СОН? Пукаат берзите, вредноста на пазарот се топи, за цените од лани можеме само да сонуваме

Сè изгледаше одлично и прекрасно. Пред точно една година и еден ден, Биткоинот се тргуваше по рекордна цена од 67.617 долари, а второпласираниот Ytrium беше проценет на над 4.700 долари. Крипто монетите забележаа стапки на раст од неколку десетици илјади проценти и на сите им се чинеше дека ќе се остварат слоганите што ја придружуваат блокчејн технологијата: „финансиска слобода за сите“, „револуција“, „децентрализирани пари“. Но, тогаш дојде крипто-зимата.

Последните неколку дена беа крајно турбулентни. Како гром од ведро небо дојде веста дека уште една голема берза е во неволја. Еден од лидерите на целиот пазар „FTX“ се најде во „ликвидносна криза“, за само 72 часа од берзата се повлечени 6 милијарди долари, а почнаа да бараат помош од нивниот најголем конкурент Binance. Се чини дека кога подот ќе пропадне, децентрализираниот пазар на пари нема друг избор освен да се централизира. Но, тогаш дојде крипто-зимата.

Сè што се зборуваше за крипто замолкна во месеците што следеа. Вредноста на целиот пазар падна, рударите помалку минираа поради цените на струјата, индивидуалните монети доживеаја катастрофални неуспеси, берзите како Војаџер и Целзиус наидоа на финансиски проблеми и банкротираа, средствата како Three Arrows Capital згаснаа, а цените на пазарот почнаа да се оддалечуваат од историските врвови.

Овој договор на пазарните ривали доаѓа само еден ден откако финансиската состојба на FTX покажа нагло влошување. За само три дена од берзата се повлечени 6 милијарди долари. Потпишувањето на договорот со себе донесе и бројни контроверзи.

-Страшно е да се помисли дека една од најголемите берзи во светот, FTX, е зафатена во криза на ликвидност. Реакциите на оваа вест беа, некои би рекле, страшни. Во вторникот е забележан пад на цената на биткоинот од 13 отсто, а во средата дополнителни 15 отсто. Итириумот изгуби третина од вредноста за тоа време. И двајцата повратија дел од изгубеното вчера.

Криптовалутата Солана, која е еден од проектите на FTX, забележа пад од околу 50 отсто, а токенот FTT падна за 80 отсто. Нема знаци за светла иднина, со оглед на тоа што многу фактори се неизвесни.

Се помалку доверба кај инвеститорите

-Кога врвна берза пропаѓа, тоа е сосема ново ниво, изјави за Ројтерс Дени Чонг, извршен директор на децентрализираната финансиска компанија Tranchess, мислејќи на колапсот на монетата Terra и фондот Three Arrows Capital.

Капиталот на малите инвеститори, вклучително и маркетмејкерите, се уште е кај FTX, истакна тој, додавајќи дека „таман кога луѓето помислија дека крипто-зимата веројатно нема да трае… доаѓа уште една ваква епизода“.

Овој потег предизвика драматичен пресврт во богатството на милијардерот Сем Бенкмен-Фрид и е последен во серијата итни пакети за спас во светот на криптовалутите оваа година, бидејќи инвеститорите се повлекоа од поризични средства поради зголемените каматни стапки.

Само еден ден подоцна, Binance излезе со различни планови. Тие се откажаа од помагањето на конкурентот и како што истакнаа во твитот во средата: „првично се надевавме дека ќе можеме да ги поддржиме клиентите на FTX за да обезбедиме ликвидност, но проблемите се надвор од нашата контрола или можност да помогнеме“.

Засега не е јасно кој е следен на ред да ја купи болната крипто-верза. Сопственикот Сем Бенкмен-Фрид им кажа на инвеститорите дека компанијата се соочува со недостиг од 8 милијарди долари поради барањата за повлекување и дека има итна потреба од финансирање.

Инвеститорите веќе ги отпишуваат средствата инвестирани во FTX. Фондот за ризичен капитал Seqoia Capital објави 150 милиони долари изложеност на нула во средата. Канадскиот Ontario Teachers Pension Plan, Tiger Global и јапонската Softbank се исто така FTX инвеститори. Брокерот Robinhood (HOOD.O) рече дека нема директна изложеност на FTX, но Бенкман-Фрид има удел во фирмата и нејзините акции нагло паднаа во вторник и среда.

-Она што ја прави оваа нова фаза…проблематична е тоа што се намалува бројот на субјекти со посилни биланси кои можат да ги спасат оние со низок капитал и висока потпора, велат аналитичарите на Ј.П. Морган во белешка до клиентите, додавајќи: „Сега кога силата на билансот на состојба на Alameda Research и FTX е доведена во прашање само неколку месеци откако тие беа перцепирани како силни билансни ентитети, тоа создава криза на доверба“.

Повеќето крипто играчи остануваат оптимистични за долгорочен раст, но се подготвуваат за понатамошни падови во блиска иднина. Загубите од 20 проценти на Биткоин оваа недела се споредливи со падот во јуни кога Three Arrows Capital беше под стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП