6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитико: Првите луѓе на ЕУ не разговараат еден со друг, соработката помеѓу...

Политико: Првите луѓе на ЕУ не разговараат еден со друг, соработката помеѓу институциите на најниско ниво

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и претседателот на Европскиот совет , Шарл Мишел, не се во добри односи.

Комуникација меѓу нив речиси и да не постои, тврди влијателниот европски портал „Политико“.

Двајцата врвни функционери на ЕУ не патуваат заедно, дури и кога се поканети на ист настан, тие се избегнуваат еден со друг, а нивните соработници вклучени во организирањето на патувањето работат под строги упатства за да избегнат какво било преклопување во времето на патување.

Несогласувањата се толку силни што двајцата функционери ги блокираат меѓусебните средби со странски претставници, а нивните соработници комуницираат со другата страна само кога е потребно.

„Еден од клучните состаноци на Г20 на Бали ќе биде средбата меѓу Мишел и кинескиот лидер Шји Џјинпинг, која треба да се одржи на маргините на самитот. Со оглед на поделбите во ЕУ за тоа како да се соработува со Пекинг, ќе биде исклучително важна средба. Но, Фон дер Лаен не беше поканета. Причината? Нејзиното одбивање да му дозволи на Мишел да присуствува на состанокот со индискиот премиер Нарендра Моди на Г7 во Германија во јуни“, пишува „Политико“.

Европската комисија е извршно тело на Унијата и таа предлага закони. Претседателката Фон дер Лаен на оваа функција дојде од германската влада, каде што беше министерка за одбрана. Татко ѝ бил висок функционер на Европската комисија, а Урсула е родена во Брисел.

Лидерите на земјите членки се среќаваат во Советот на ЕУ, а нивната мисија е да ги трансформираат предлозите на Комисијата во закони, кои потоа треба да бидат прифатени од членките и имплементирани дома.

Претседателот на Советот, Мишел, е поранешниот белгиски премиер и син на поранешниот министер за надворешни работи на Белгија, Луис Мишел.

Овие две функции се преклопуваат во повеќе области, но денес речиси и да нема координативни состаноци меѓу Фон дер Лаен и Мишел, што ја отежнува работата на двете институции.

Според официјални лица, пренесува „Политико“, врската почнала мирно.

„Имаше мали турбуленции, но ништо неочекувано“, рече претставник на ЕУ. Во првите месеци секретаријатот на Советот закажа неделен попладневен состанок меѓу Мишел и Фон дер Лаен секој понеделник.

Дека нивниот личен однос не е добар и не е толку страшно, но кога ќе почне да се пренесува на нивната работа, тогаш тоа е друга приказна. Дијалог за политички прашања меѓу лидерите и нивните блиски кадри речиси и да не постои, според „Политико“.

„Тоа е постојана борба да се натераат двете страни да споделуваат информации“, рече еден функционер на Советот, кој додава дека вработените во Советот се принудени „да бркаат информации како новинари“.

Конфликтот стана јавен за време на посетата на Фон дер Лаен и Мишел на Турција во април 2021 година, настан што стана познат како „Софагејт“.

Сите телевизиски станици ја пренесоа шокираната реакција на Фон дер Лаен кога сфати дека на официјалната средба со Ердоган нема столче резервирано за неа.

Мишел без двоумење и без да ѝ понуди на Фон дер Лаен место до Ердоган, седна на фотелјата додека таа седеше на каучот спроти турскиот министер за надворешни работи.

Сцената ја шокира европската јавност.

Неколку дена подоцна, во Европскиот парламент, Фон дер Лаен ја искористи шансата да каже што мисли за овој инцидент. Таа рече дека е повредена“ од инцидентот, кој е одраз на сексизмот. Таа не го спомена Мишел.

Речиси една година подоцна, повторно се случи сличен инцидент.

Во февруари 2022 година европски видеосервис го емитува влезот на африканските лидери на самитот во Брисел.

Додека се ракуваше со африканските официјални лица, министерот за надворешни работи на Уганда помина покрај Фон дер Лаен и се поздрави со Мишел, а потоа и со Емануел Макрон. Францускиот претседател дискретно му сугерира на африканскиот политичар дека би било добро да разговара со претседателката на Комисијата, а Мишел остана без посебна реакција.

Оние што не се запознаени со нетрпеливоста меѓу овие двајца високи функционери беа изненадени од остриот тон на Мишел кога тој неодамна јавно, преку медиумите, ја обвини Комисијата дека не предлага ограничување на цената на природниот гас откога националните лидери го побараа тоа на нивниот самит во октомври.

Во Брисел во ходниците се водат приватни дискусии за тоа кој е повеќе виновен за ваквата состојба.

Според „Политико“, администрацијата на Бајден има блиски односи со тимот на Фон дер Лаен, особено во однос на санкциите против Русија, а Мишел „се бори да се пробие“.

Официјалните лица, генерално, се согласуваат дека и двајцата лидери се виновни. Мишел за неговото лошо справување со инцидентите, како „Софагејт“, и Фон дер Лаен за нејзината тенденција да одржува контрола на сметка на соработката.

Меѓуинституционалниот однос никогаш не бил на толку ниско ниво. Некои функционери на Унијата дури изјавија дека итно е потребно „возрасно лице“ во институциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП