26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАвторот на книгата за Путин: Путин сега има неколку опции. Ова е...

Авторот на книгата за Путин: Путин сега има неколку опции. Ова е веројатно неговиот план

Повлекувањето на Русија од Херсон, ако навистина се случи, се смета за голем удар за Владимир Путин. Д-р Марк Галеоти, автор на книгата „Војните на Путин: Од Чеченија до Украина“, вели дека тоа означува „нова фаза во војната“.

Тој за Скај њуз изјави какви опции може да има Путин сега. „Путин повеќе не се обидува да победи во војна на бојното поле. Наместо тоа, тој едноставно се обидува да избегне пораз“, рече тој. „Рускиот претседател сега се обложува дека Западот на крајот ќе ја повлече поддршката за Украина кога ќе види дека е прескапа“, изјави Галеоти за Sky News.

„Путин верува дека Западот на крајот е слаб и не може да го задржи фокусот, па планот е да се вкопа и да се остави војната да трае онолку долго колку што е потребно“, додава тој. Ако тоа не успее, Галеоти вели дека Путин има уште неколку опции.

„Русите наведуваат дека преговорите се можни, но во моментов се чини дека нема заеднички јазик меѓу двете страни, така што преговорите се бесмислени. Потоа, постои опција за ескалација, како што е употребата на тактичко нуклеарно оружје, но јас не не верувам дека Путин навистина размислува за тоа“, рече тој.

„Друг избор би бил да се предаде, што би го означило крајот на кариерата на Путин. Значи, сè што му останува е да се одржи и да чека“, рече авторот, додавајќи дека „многу е тешко да се види излез од ова.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП