25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗакана од исток? Иран произведе хиперсонична балистичка ракета

Закана од исток? Иран произведе хиперсонична балистичка ракета

Иран ја разви првата хиперсонична балистичка ракета, изјави генералот Амир Али Хаџизадех, командант на елитните воздухопловни сили на Револуционерната гарда на Иран.

-Иран разви хиперсонична балистичка ракета за пробивање на противвоздушната одбрана. Новиот проектил може да помине низ кој било систем за противракетна одбрана – изјави Хаџизадех, чии коментари ги пренесе иранската новинска агенција „Фарс“.

Тој додаде дека ракетата е насочена кон непријателските противвоздушни системи и дека претставува голем чекор напред во развојот на ракетната технологија, пренесе ТАС.

Хиперсоничните проектили се меѓу најмоќните оружја што постојат. Тие можат да погодат цели на кое било растојание на Земјата во рок од еден час и да ја сменат траекторијата при летот. Во моментов, САД, Русија и Кина имаат такво оружје, а Русија беше единствената што го користеше во борба, а тоа беше во Украина. Австралија, Индија, Франција, Германија и Јапонија развиваат технологија за хиперсонично оружје, додека Иран, Израел и Јужна Кореја исто така претходно објавија дека таквото оружје е во фаза на истражување и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП