23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите истражувачи можат да доставуваат трудови за Годишната награда на Народната банка...

Младите истражувачи можат да доставуваат трудови за Годишната награда на Народната банка за 2023 година

Народната банка ги повикува сите заинтересирани млади истражувачи да поднесат свој труд на Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2023 година, којшто беше објавен во јули на интернет-страницата. 

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2023 година, додека право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се членовите на Советот. Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2021 година.

Трудовите се поднесуваат до Народната банка по електронски пат на е-адресата: [email protected]. Доставените трудови и информации ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер. Конкурсот, критериумите според кои ќе се вреднуваат трудовите и инструкциите за пријавување се објавени на веб-страницата на Народната банка на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-konkurs-za-dodeluvane-godisna-nagrada-na-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-za-2023-godina.nspx.

Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.000,00 денари. Но, доколку Одборот за оценување процени дека второрангираниот труд е исто така со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 50.000,00 денари. По оцена на Одборот, може да биде доделена и само втора награда или воопшто да не биде доделена Годишната награда, доколку се утврди дека ниеден од трудовите не ги исполнува потребните услови.

Народната банка постојано ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Покрај Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови, Годишната награда за млади истражувачи е дополнителна алатка на Народната банка за мотивирање на младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП