1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom отвори нова фабрика во Кина

Alstom отвори нова фабрика во Кина

alstom1

Францускиот инженерски конгломерат „Alstom“ отвори нова фабрика во Кина за производство на делови за хидроелектрани.

Со инвестицијата од 100 милиони евра за модернизирање на фабриката во Тијанџин, во североисточниот дел на Кина, оваа фабрика станува најголемата фабрика за производство на делови за хидроцентрали во светот, пренесува Франс прес.

Новата инфраструктура на компанијата ќе и овозможи испорака на 26 турбини и генератори годишно, како и производство на турбини со капацитет од 1.000 мегавати, изјави директорот на фабриката Бруно Годин.

Компанијата неодамна на една кинеска хидроелектрана и испорача четири турбини од 800 мегавати, за кои тврди дека се најмоќните уреди од тој вид во светот.

Турбините и генераторите на „Alstom“сочинуваат повеќе од 25 проценти од вкупниот светски капацитет на хидроелектрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП