22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСАД одбиле да испратат напредни дронови во Киев

САД одбиле да испратат напредни дронови во Киев

Како што пишува Волстрит журнал, Пентагон одби да и го предаде MQ-1C Grey Eagle на украинската армија на барање на неколку конгресмени и властите во Киев. Она што е интересно е што текстот за тоа беше објавен на 28 октомври, а сега поради некоја причина почна да кружи низ руските медиуми.

Во овој напис „Волстрит журнал“ се осврна на американските претставници и, како што се наведува, Украина чекала одговор на барањето неколку месеци, но Пентагон одбил, бидејќи тоа може да доведе до ескалација.

Наводно, MQ-1C Grey Eagle заедно со тактичките балистички ракети ATACMS се означени како црвена линија што се однесува до вооружувањето на Киев.

Инаку, уште во март 2022 година, САД објавија дека ќе донираат четири големи разузнавачко-борбени беспилотни летала MQ-1C Grey Eagle на Украина, но, како што објави Ројтерс на 17 јуни 2022 година, очигледно ништо нема да излезе од тоа по подлабоката анализа што ја спроведе Дирекцијата за одбранбени технологии на Министерството за одбрана на САД.

Имено, тие во својата препорака до Белата куќа го изразија својот страв дека испораката на овие беспилотни летала може да ја загрози безбедноста на САД во случај еден таков авион да падне во рацете на Русија.

Неименувани извори запознаени со оваа одлука се загрижени, како што пренесува Ројтерс, од страв дека радарите и системите за надзор на дронот, како и противтенковските ракети Hellfire лансирани од дронот, ќе паднат во рацете на руската војска.

Интересно е што за овие дронови се разговараше од март и се беше во ред и никој не ја спомна опасноста, а потоа на почетокот дојде до промена и ревизија на претходниот план.

И покрај се, администрацијата на Бајден сепак инсистираше на испорака на овие беспилотни летала во Украина, па беше предложена опцијата за замена на постоечкиот пакет радари и сензори со помалку софистицирани, но како што се наведува, оваа промена може да потрае неколку месеци. Тогаш целата работа беше префрлена во Конгресот, но стравот сепак постоеше. На крајот, наместо Конгресот, целата работа ја спречи Пентагон.

САД имаат четири од овие беспилотни летала. Цената на еден примерок е 10 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП