28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПРВИОТ ЧОВЕК НА АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА: Русите и Украинците досега изгубиле 100.000 војници!...

ПРВИОТ ЧОВЕК НА АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА: Русите и Украинците досега изгубиле 100.000 војници! Ниту еден од нив нема да победи на теренот

Повеќе од 100.000 руски војници се убиени или ранети во Украина, а украинските сили веројатно ќе претрпат слични жртви, изјави во средата претседателот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили.

„Повеќе од 100.000 руски војници беа убиени или ранети. Истото веројатно е и на украинската страна“, рече генералот Мили.

Бројките дадени од Мили, кои не можат независно да се проверат, се најпрецизни досега од Владата на Соединетите Држави повеќе од осум месеци по почетокот на војната.

Мили, исто така, рече дека има шанса за преговори за ставање крај на војната и дека воена победа можеби не е можна ниту за Русија, ниту за Украина.

„Мора да има взаемно признавање дека воената победа веројатно во вистинска смисла на зборот не може да се постигне со воени средства и затоа мора да се свртите кон други средства“, рече Мили, додавајќи дека „постои можност за преговори.

Коментарите на Мили дојдоа откако Русија им нареди на своите трупи да се повлечат од јужниот украински град Керсон, што е голем удар за Москва.

Но, властите во Киев реагираа претпазливо, велејќи дека руската војска веројатно нема да го напушти стратешкиот град без борба, додека американскиот претседател Џо Бајден посочи дека повлекувањето е доказ дека Москва има „реални проблеми“ на бојното поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП