17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија: Бројот на мултимилионери се зголемува

Швајцарија: Бројот на мултимилионери се зголемува

shvajcarija2

Според најновото истражување, Швајцарија се искачи на седмото место во светот според бројот на мултимилионерите чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари.

Како што пренесува швајцарскиот весник „24 часа“, бројот на богатите лица во Швајцарија во периодот од 2011-2012 се зголемил за 13,3 проценти, така што со 6,330 сопственици на имот вреден повеќе од 30 милиони долари, Швајцарија се најде на седмата позиција во класификацијата на земји.

Според оценката на истражувачите, Швајцарија на оваа позиција ќе се задржи уште некое време, бидејќи зад неа е Канада која во моментов стагнира со бројот на мултимилионери.

На листата во топ 10 земји предводат САД со 65,505 мултимилионери, на второто место е Германија со 17,820, а на третото место е Јапонија со 14,270.

Кина се наоѓа пред Индија, а зад Велика Британија, Франција го завзема деветото место, пред Бразил, како и уште една земја во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП