3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрама во САД: Трката е неизвесна, Трамп бесен и „вреска по сите“?

Драма во САД: Трката е неизвесна, Трамп бесен и „вреска по сите“?

Сите избирачки места на среднорочните избори во Соединетите Американски Држави беа затворени во седум часот утринава по средноевропско време.

Последните избирачки места беа затворени на Алјаска, на Алеутските острови, каде живеат околу 10.000 жители и на Хаваите, кои се во иста временска зона.

Повеќе од 240 милиони Американци го избраа новото свикување на Претставничкиот дом и Сенатот, гувернери во 36 сојузни држави, а беа одржани и локални избори. За да победат, партиите треба да освојат 50 места во Сенатот и 218 во Претставничкиот дом.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп наводно „бесен“ и врескал по сите поради лошите резултати на кандидатот на Републиканската партија, тврди за Си-Ен-Ен анонимен извор близок на политичарот.

Според последните информации, постои веројатност да се организира втор круг од изборите за член на Сенатот во Џорџија. Според локалните медиуми, изборите најверојатно ќе се одржат на 6 декември, бидејќи ниту еден од кандидатите не освоил повеќе од 50 отсто од гласовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП