7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзески: Минимални штетите на компаниите од косовското ембарго

Азески: Минимални штетите на компаниите од косовското ембарго

azeski1

Македонските компании мудро одиграле во текот на трговската блокада од Косово и затоа штетите се минимални, смета престедателот на Стопанскa комора, Бранко Азески, кој денеска присуствуваше на отварањето на нова модернизирана производствена линија за битуменски ленти во фабриката БИМ Свети Николе.

– Можам да кажам дека македонските компании мудро одиграле. Значи играле во текот на блокадата со сопствени залихи се подготвиле за она што ќе настане по блокадата. Само некои фирми вклучиле партнери од соседните земји што ги покривале во тој период. Мислам дека не се работи за сериозни штети, вели Азески.

Тој забележува дека и покрај тоа што македонските комапнии биле мудри во текот на блокадата со Косово, сепак како што рече не треба да се повтори. Азески рече дека извештаите и цифрите кои ги разгледувал по блокадата со Косово покажуваат дека станува збор за минимални штети кои не можат да ја загрозат стабилноста на македонската економија.

Прашан дали Македонија излегува од рецисијата, Азески рече македонското стопанство пополека излегува од рецесија, а за тоа е потврда и отварањето на нови фабрики и производствени линии во градовите низ земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП