18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата: Усогласеност на законите со подзаконската регулатива

Дебата: Усогласеност на законите со подзаконската регулатива

proekt1

– Потребно е да се направи разлика помеѓу проект и елаборат, за негово реализирање треба да се усогласат законските со подзаконските акти со што ќе се создадат предуслови за да се избегнат недоразбирањата меѓу инвеститорите и проектантите при реализација на нивните обврски.

Ова денеска беше констатирано на дебатата за „Усогласеност на Законите со подзконската регулатива“ во делот на правилници, проекти-елаборати, овластувања или лиценци и надлежност, во организација на Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) и Министерството за економија.

-Во законот се дефинирани определени обврски кои што се разработуваат во правилниците но ние заклучуваме дека има определена неусогласеност и предлагаме да се усогласат. Не е расчистено меѓу поимите проект и елаборат, кои се нивните овластувања и што треба едно на друго да претходи особено со измените во законот за енергетика, истакна претседателот на МАЦЕФ Константин Димитров.

Според Димитров донесените правилниците за енергетски контроли и енергетска ефикасност на зградите треба да се усугласи со законот за градење и да се предвиди дали тоа ќе биде проект или елаборат.

– Во законот се вели дека треба да има проект за заштита за пожар додека подзаконскиот акт вели елаборат за заштита од пожар и во финалната документација што ја добиваме стои основен проект-елаборат за заштита од пожар што е неусогласено бидејќи елаборатите се подготовка за проектот, рече Димитров

Според Даме Димитровски од Машинскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери засега се справува со проблемите околу неусогласеноста на законските и подзаконските регулативи, и ги спроведува елаборатите за енергетска ефикасност но потребно е нивно усогласување за успешно справување и градење на објекти

-Инженерите имаат пракса и покрај не донесена добра регулатива да се водат по некое повисоко ниво, доколку во Македонија не постои стандард за некоја област тие се водат по стандарди од околните земји каде што тоа е подобро регулирано во делот на униформирање на целиот елаборат, рече Димитровски.

На дебатата имаше претставници од министерствата за економија, животна средина и просторно планирање и транспорт и врски како и претставници на инженерски здруженија, проектантски организации академски институции, каде што ги претставија своите искуства околу проблемот кој се јавува со неусогласеност на законската со подзаконската регулатива и предлози за успешно справување.

Дебатата претставува финален настан со кој се заокружува манифестацијата „Недела на енергетика Македонија 2013“ во организација на МАЦЕФ која традиционално се одржува по 9. пат во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП