3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПадна важен договор меѓу САД и Русија

Падна важен договор меѓу САД и Русија

Русија и САД разговараат за одржување разговори за стратешко нуклеарно оружје за прв пат откако Москва испрати војници во Украина.

Ова во вторникот го објави рускиот весник Комерсант, а информацијата подоцна ја потврди и Стејт департментот.

Разговорите за стратешка стабилност меѓу двете страни се замрзнати откако Русија ја започна својата воена кампања во Украина на 24 февруари, иако новиот договор за намалување на нуклеарното оружје останува во сила.

Разговорите би можеле да се одржат на Блискиот Исток, пишува весникот, додавајќи дека Москва повеќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место на одржување, како доволно неутрална откако воведе санкции кон Русија поради Украина.

„Се договоривме билатералната комисија да се состане во блиска иднина како дел од договорот за нов почеток“, изјави портпаролот Нед Прајс за новинарите, додавајќи дека работата на комисијата е доверлива, но дека Американците се надеваат на конструктивен разговор.

„Важно е да продолжиме да разговараме со Русите за намалување на ризикот и покрај војната во Украина.

Договорот за „Новиот почеток“ е последниот билатерален договор меѓу двете светски сили, но Русија на почетокот на август објави дека ги откажува американските инспекции на руските воени локации.

Според договорот, кој беше потпишан во 2010 година, Москва и Вашингтон имаа право да извршат околу 20 меѓусебни инспекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП