15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно дојава за бомба, евакуирани ученици во две скопски училишта

Повторно дојава за бомба, евакуирани ученици во две скопски училишта

Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје утрово пак се евакуираат. Наставниците им кажале да излезат во дворот каде што веќе има и полиција, а само што почнале часовите евакуирани се и учениците од СУГС „Владо Тасевски“ во Аеродром.

Од МВР велат дека утрово двете училишта добиле дојави за бомби и единицата за антитероризам веќе прави проверки.

„ Денеска, во СВР Скопје, околу 9:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Евакуацијата на учениците им стана практика изминативе две недели по дојавите за бомби. Полицијата утврди дека сите досегашни дојави за подметнати бомби се лажни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП