2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГосподине Хитлер, му рече Арсовска на Трајко Славевски додека се расправаа за...

Господине Хитлер, му рече Арсовска на Трајко Славевски додека се расправаа за микрофонот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и претседателот на Советот на Градот се скараа за копче од микрофонот на говорницата и седницата за советнички прашања се претвори во циркус.

– Еве овој микрофон ви е на располагање, имате фотелја која е поудобна од магарешките клупи во кои седите назад, рече Славевски за микрофонот до него затоа што копчето за вклучување и исклучување од микрофонот на говорницата не му било вратено.

Данела Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата за да му се обрати на Славевски, кој, пак, ѝ го одзеде правото на збор и даде нова пауза од 15 минути затоа што го кршела деловникот.

– Господине Хитлер, не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус, недолично е. Прво го кршите Уставот, второ сте ситен криминалец и сте човек којшто краде. И не е во ред тоа што го правите. Тој микрофон е во сопственост на Град Скопје, истакна Арсовска.

Градоначалничката го обвини Славевски дека се изживува кон говорниците и кон неа.

– Како ние ќе се произнесеме. Вашиот капацитет е еднаков на нула. Согласно деловникот имаме право да избереме на кој начин ќе се изјасниме. Се изживувате. Ова е мојата куќа и мојот дом. Ова е Градот Скопје, рече Арсовска.

Потоа Славевски ја прекина седницата за советнички прашања и ја презакажа за 14 ноември во 11 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП