2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРударските компании во Охрид на регионален конгрес „Балканмајн 2013“

Рударските компании во Охрид на регионален конгрес „Балканмајн 2013“

BORIS TADIC

– Повеќе од 350 учесници и гости ќе бидат дел од 5-тиот балкански конгрес од областа на рударството „Балканмајн 2013“ што од денеска до 21. Овој месец се одржува во Охрид.

Теми на дискусија на стручно-научниот собир во Охрид ќе бидат сите актуелности од областа на рударството – од експлоатација, истражувања, модернизација, компјутеризација односно примена на најновите технологии, геологија, се до законодавството во областа односно легислативата, како и перспективите на оваа стопанска дејност, која важи за една од клучните еконономски дејности во регионот.

– Рударството е една до водечките индустриски гранки во Македонија, оттаму што голем процент од работната сила во земјата отпаѓа токму на рударството. Имаме производство на јаглен, металични и неметалични минерални суровини, голем дел од индустријата и целосно економијата во Македонија се базира токму врз рударството, истакна Сашо Јовчески, претседател на Организацискиот одбор на „Балканмајн 2013“.

Тој додаде дека овие средби мошне се значајни од аспект на размена на искуства, особено во рамки на подготовките што се спроведуваат во Македонија за јамска експлоатација на јаглен.

– Перпсективата во рударството е во инвестициите, во јаглен како извор на енергија. Независно инвестициите на ЕЛЕМ во сончева енергија и ветерници за производство на електрична енергија, сепак јагленот е базичната суровина во која треба да се инвестира, забележа Јовчески.

Тој истакна дека Министерството за економија дава концесии за експлоатација и истражување, рударството се развива, со се повеќе фирми заинтересирани за развивање на бизнис во таа област.

Според бројот трудови ова е рекорден конгрес на кој ќе бидат претставени 132 научни елаборати, на експерти по рударство од 14 држави.

Во рамки на конгресот на 19 и 20 ќе се одржува и мал саем во хотелот „Белви“ во Охрид, на кој учествуваат 30 фирми и компании од областа на рударството, како и комерцијални презентации на производи и услуги од односната област.

„Балканмајн“ е организација во која членуваат 13 држави од регионот, а претходно вакви конференции беа одржани во Варна, Белград, Измир и Љубљана. Главен покровител на „Балканмине 2013“ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери и Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП