27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите поставуваат „змаеви заби“

Русите поставуваат „змаеви заби“

Русија започна со изградба на структури во облик на пирамида, наречени „змаеви заби“, околу окупираниот Мариупол, истакна британското Министерство за одбрана.

Во нивниот последен воено разузнавачки извештај за ситуацијата на бојното поле во Украина, се наведува дека „змаеви заби“ се градат и во Запорожје и Керсон, за да се спречи евентуален продор на Украинците.

„Имаат две фабрики за производство на бетонски пирамидални противтенковски конструкции, познати како змаеви заби. “, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

За време на Втората светска војна, терминот „змаеви заби“ означува редовни пирамидални структури, кои се користеле за да се спречи напредувањето на армиите. Британското разузнавање соопшти дека Мариупол е дел од рускиот копнен мост од Русија до Крим, клучна логистичка линија на комуникација.

Разузнавачите во извештајот наведуваат дека змаевите заби дополнително биле испратени за да се подготви одбрана во окупираните Херсон и Запорожје и дека Русија ги зајакнува одбранбените линии во окупираните области.

Се споменува и сопственикот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој на 19 октомври побарал изградба на утврдена „Вагнерска линија на одбрана“ во областа Луганск, окупирана од Русија.

Британското министерство посочува дека изградбата на змаеви заби- укажува дека Русија вложува големи напори да подготви одбрана длабоко на територијата зад линијата на фронтот. Тие велат дека ова најверојатно ќе спречи каков било напредок на Украина во случај на пробив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП